Детали
Секој наслов од серијата “Волшебно боење” на секоја страна вклучува палета со 7 бои така што на вредните дечиња им е потребна само една четкичка и да започнат со работа.
Детето едноставно треба да ја намокри четкичката, да земе со неа малку од посакуваната боја и ќе има многу забава додека ги бои возбудливите слики, а воедно ќе ги учи имињата на животните кои ги бои. Пронајди многубројни необични МОРСКИ животни во книгичките Розовата медуса и Синиот кит, а пак пријателите од ЏУНГЛАТА можеш да ги сретенеш во книгичките Жолтиот леопард и Црвената бубамара.
