Услови и правила на користење

Почитувајќи ја традицијата во која што се најдоа нашите книжарници, не само како продавници на книги туку и како места на собирање и размена на мислења, Toper online има желба со текот на времето тој дух да го пренесе во виртуелниот свет. Во нашата онлајн продавница ќе можете да наминете за да видите што има ново, книгите ќе можете слободно да ги разгледувате и да ги коментирате, без обврска за купување. Доколку решите да купите кој и да било производ, важно е да знаете дека купувањето го правите на сигурен начин и без злоупотреба на личните податоци.

Заштитата на приватноста и сигурноста на информациите на нашите корисници е приоритет и обврска на Tопер ДООЕЛ, и веруваме дека е во заемен и еднаков интерес како на заштитата на поединецот така и на нашето работење.

Tопер ДООЕЛ го задржува правото, без претходно известување, доколку тоа биде неопходно, да врши измени и дополнување на овие Услови и правила на користење, а во склад со прописите и законите на Република Македонија. Секогаш ќе се придржуваме кон начелата на јасноста, сигурноста и интегритетот, со други зборови кон јавноста и одговорноста.

Користење на порталот

Условите и правилата се однесуваат на сите страници на “toper.com.mk” Интернет продажното место. Условите и правилата се однесуваат на секој посетител на Интернет продажното место на toper.com.mk и секој посетител е должен внимателно да ги прочита и да ги прифати. Прифаќањето на овде утврдените услови и правила од страна на секој поединечен посетител значи давање на безусловна согласност од страна на посетителот дека во сe ќе ги почитува и ќе ги применува овде утврдените услови и правила. Под давање на безусловна согласност се смета и самото користење на “toper.com.mk” Интернет продажното место.

Сопственик на “toper.com.mk” Интернет продажното место е Tопер ДООЕЛ

Tопер ДООЕЛ го задржува правото да ја суспендира или да ја поништи регистрацијата на секој корисник кој ги крши одредбите од овие Услови и правила на користење.Страниците на “toper.com.mk” Интернет продажното место служат за лична употреба на нивните посетители и тоа без каков и да било надоместок. Комерцијална употреба на “toper.com.mk” Интернет продажното места, вклучително и препродавање на стоката не е дозволена.Некои фотографии на “toper.com.mk” Интернет продажното место се од исклучително информативен карактер и служат само за илустрација, па во таа смисла доколку постојат разлики меѓу фотографијата и стварниот квантитет и квалитет на стоката дадени во описот на стоката примарен е описот на стоката.Под стока се подразбира секој предмет што се наоѓа на страницата на “toper.com.mk” Интернет продажното место.

Работно време

Интернет продажното место “toper.com.mk” работи 24 часа, секој ден, седум дена во неделата. По исклучок, Интернет продажното место '' toper.com.mk '' може да биде недостапно заради неопходно техничко одржувањеа или непредвидени настани што се вон контрола на Tопер ДООЕЛ.

Регистрација

Tопер ДООЕЛ се труди јасно да комуницира за правото на приватност и за тоа како управува со вашите приватни информации.Сите важни лични податоци се доверливи и се користат само интерно, во фирмата Tопер ДООЕЛ. Добиените податоци нема да се објавуваат, отстапуваат на трети лица ниту пак на било који начин ќе бидат злоупотребувани. За да се регистрирате на “toper.com.mk” Интернет продажното место, морате да имате најмалку 18 години. Купувачот сноси одговорност за точноста и комплетност на податоците внесени при регистрацијата. Доколку дојде до било каква промена на податоците што купувачот ги внел при регистрацијата, должен е веднаш да го ажурира својот кориснички профил за да не извести за направените промени. Со регистрацијата станувате корисник на “toper.com.mk” Интернет продажното места и изразувате согласност со овие Услови и правила на користење.

Лични и други податоци

Личните податоци ги собираме исклучително за потребите на работењето, логистиката, статистиката и сопствените маркетиншки потреби во желба да го унапредиме корисничкиот сервис и нашето работење кое што би било насочено кон програмите што најмногу ве интересираат. Податоците што ќе ги направите достапни ви овозможуваат учество во специјалните понуди и промоции, како и во другите акции и новости што би биле во склад со вашите интересирања. Податоците ги прибираме во следните ситуации: - при онлајн регистрација на корисничкиот налог; - при купување на производот; - при користење на некој сервис или услуга; - при испорака; - при учествување во наградните игри, подароци, анкети и истражувања. Податоците што можеме да ги побараме се: - Ваши контакт информации (име, презиме, поштанска и е-маил адреса, број на телефон); - Информации врзани за начинот на плаќање и адреса на испораката; - Информации по личен избор (листа на посакуваните производи, коментари за понудените производи). Прибраните подаци се користат за: - обезбедување и давање на корисничики сервис; - организација и администрација на наградни игри, подароци, анкети и истражувања; - понуда на нови производи и сервиси; - подобрување на ефективноста на нашите веб страници, маркетиншки активности, сервиси и понуди; - спроведување на истражувања и анализи; - вршење на други деловни активности. Tопер ДООЕЛ се обврзува да ја штити приватноста на сите свои корисници. Прибираме само неопходни, основни податоци за корисниците врз доброволна основа и ги известуваме за начинот на нивното користење. На корисниците редовно им даваме можност за избор во врска со начинот на употреба на нивните податоци, вклучително и можност за одлука дали сакаат или не нивното име да се острани од листата што се користи за маркетиншки потреби, како и можност за повлекување на дозволата за користење на личните податоци. Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни им се само на лицата на кои тие податоци им се нужни за вршење на работата. Сите вработени во Tопер ДООЕЛ а особено работниците во “toper.com.mk” Интернет продажното место и деловните партнери се одговорни за почитување на начелото за заштита приватноста. Личните податоци за корисникот му се достапни, на негово барање, и на самиот корисник со цел за проверка на точноста на истите. Tопер ДООЕЛ ќе ги собира, ќе ги обработува и ќе ги чува личните и идентификациски податоци за своите корисници во текот на временскиот период неопходен за давање на услуги после што таквите податоци ќе бидат уништени. Tопер ДООЕЛ ќе ги чува податоците во тајност и ќе ги употребува само за сопствени разумни потреби, за законски дозволени потреби и разумни потреби на своите деловни партнери (добавувачи, курирска служба, банка итн.) кои за Tопер ДООЕЛ вршат определни работи и кои со Tопер ДООЕЛ имаат потпишан договор за доверливост на податоците. Tопер ДООЕЛ има право личните и други податоци да ги пренесе на својот правен наследник. Tопер ДООЕЛ од време на време, прибира податоци што не се од лична природа (тип на вашиот Интернет браузер, име вашиот Интернет провајдер, веб страниците што сте ги посетиле и сл.) за да го подобри нивото на услугите и за други деловни цели. Тука е вклучено и користењето на на колачиња (cookies) што ја овозможуваат персонализацијата на '' toper.com.mk '' Интернет продажното место. Интернет колачето е мала датотека која што веб страницата или е-меил пораката му ја испраќа на вашиот Интернет читач, кој, потоа, може да ги сочува на вашиот хард диск. Нашите веб страници и е-меил пораки користат Интернет колачиња за максимално да ја персонализираат процедурата на купување на нашите веб страници. Колачињата симулираат непрекината конекција. Тие овозможуваат чување на информациите за вашите дотерувања и сесии и дозволуваат пристап кон веб-страниците без повторна персонализација. Веб читачот (browser-от) може да се дотера да не ги прифаќа Интернет колачињата. Во тој случај ќе бидете во можност и понатаму да ги гледате нашите веб страници, но нема да можете да креирате кориснички налог или да направите нарачка. Нашиот веб сервер автоматски ги прибира информациите како што се адресите (УРЛ) на веб страницата од која сте дојдени, кои страници сте ги посетиле на нашата Интернет презентација, кој веб читач го користите за преглед на нашите веб страници и други статистички податоци што ни помагаат да сфатиме и да разбереме како посетителите ги користат нашите веб страници. Веб страниците на toper.com.mk користат сервиси што ги обезбедуваат трети лица и кои во наше име, преку Интернет, го анализираат сообраќајот и посетеноста на нашите веб страници. На тој начин можат да бидат прибрани анонимни информации за вашите посети на нашите веб страници и за вашата интеракција со нашите огласувања. За тие потреби можат да се користат технологии слични на оние што ги опишавме во претходните пасуси, за да се измери ефикасноста на огласувањето и на и е-меиловите.

Изјава за приватност

Внесените податоци Tопер ДООЕЛ ќе ги употребува заради купопродажба на производи и воспоставување на деловен контакт и нема да ги користи за други цели и нема да ги направи достапни на трети лица, освен во склад со претходниот дел на овие Услови и правила на користење под наслов ''Лични и други податоци''. Во “toper.com.mk” се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги прибираме само неопходните, основни податоци за купувачите/корисниците и податоци неопходни за работењето и информирањето на корисниците во склад со добрите деловни обичаи и со цел за давање на квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор, вклучително и можност за одлука дали да се избришат, или не, од меилинг листите што се користат за маркетиншка кампања. Сите податоци за корисниците/купувачите строго се чуваат и достапни им се само на вработените на кои тие податоци им се нужни за вршење на работата. Сите вработени во “toper.com.mk” (и деловните партнери) одговорни се за почитување на начелото на заштита на приватности.

Сигурност

При регистрирањето на “toper.com.mk” Интернет продажното место, ќе бидете должни да креирате лозинка која што морате да ја задржите само за себе и која нема да ја делите со други лица. Во потполност сте одговорни (материјално и правно) за сите дела и нарачки што сте ги направиле под вашата лозинка. Ако знаете или се сомневате дека уште некој ја знае вашата лозинка, должни сте да нe известите за тоа повикувајќи го нашиот Контакт центар на телефонскиот број 023228418, секој работен ден од 8 до 15 часот или со испраќање на е-пошта на toper.book@gmail.com. Покрај физичките и технолошки мерки за заштита на податоците, Tопер ДООЕЛ го применува и Правилникот за работа кој прецизно ги дефинира обврските на вработените во смисла на ракување со личните податоци како и дисциплинските мерки во случаи на кршење на обврските.

Екстерни услуги

Услугите што ви ги дава “toper.com.mk” Интернет продажното место не се вклучуваат во трошоците што ги правите користејќи ја компјутерската опрема и услугите за пристап на нашите страници. Tопер ДООЕЛ не е одговорен за телефонските/интернет трошоци или било кои други трошоци до кои може да дојде. Ве молиме, примете на знаење дека сите интернет страници ги употребувате исклучиво на ваш ризик. Tопер ДООЕЛ не дава никаква гаранција и во ниту еден облик не е одговорен и не презема одговорност за директните и индиректните штете што можете да ги претрпите при користење на услугите или во врска со користење на интернет страниците, сервисот (серверот), програмските пакети (софтверите) и интернетот. Интернетот е интернационална, независна компјутерска мрежа која што “toper.com.mk” Интернет продажното место не ја контролира во ниедна форма туку е само врзано на неа па заради тоа не може да осигури достапност на сервисот (серверот) што не го контролира директно.

Интелектуална сопственост

Сите содржини објавени на овие или на другите интернет страници на “toper.com.mk” Интернет продажното место како што се текстови, графички содржини, заштитни знаци (логотипи), икончиња, сликички, аудио и видео записи, дигитални содржини, програмски пакети (софтвер) и други ненаведени материјали и содржини објавени на овие страници, се сопственост или на Tопер ДООЕЛ или на добавувачите на Tопер ДООЕЛ и се заштитени со домашни и меѓународни прописи за заштита на авторските права и на правата на интелектуална сопственост (вклучувајќи ја и базата на податоци, жиговите, дизајнот итн.) и не е дозволена нивна неовластена употреба. Со ова истовремено се согласувате со забраната за репродукција, умножување или дистрибуција на дизајнот или подлогата на интернет страницата на “toper.com.mk” Интернет продажното места, поединечните елементи на страниците, дизајнот, логотипот и брендот “Toper“ како и на сите други материјали и содржини, без експлицитно писмено одобрение од Tопер ДООЕЛ.

Достапност

Иако “toper.com.mk” Интернет продажното место настојува да ви обезбеди најдобра можна понуда на услуги, Tопер ДООЕЛ не може да вети дека производите и/или услугите на интернет страниците на “toper.com.mk” Интернет продажното место ќе им одговараат на вашите потреби. Tопер ДООЕЛ исто така, не може да гарантира дека услугата ќе биде без грешки. Доколку дојде до грешка, ве молиме истата да ја пријавите во нашиот Контакт центар, на број 023228418, на е-пошта: toper.book@gmail.com.,за да ја отстраниме на најбрз можен начин. По исклучок, Интернет продажното место '' toper.com.mk '' може да биде недостапно заради неопходно техничко одржување или непредвидени настани што се вон од контрола на Tопер ДООЕЛ.

Надворешни интернет страници (екстерни линкови)

“toper.com.mk” Интернет продажното место може да вклучува и линкови на други интернет страници, но материјалите на тие страници се вон од контролата на Tопер ДООЕЛ, па затоа Tопер ДООЕЛ не е одговорен за содржината на тие страници.

Маркетиншки активности

Во нашето работење, повремено, вршиме определени маркетиншки активности, во функција на подобрување на работењето и на поголемо задоволство на купувачите. Некои од овие активности се: - Огласи; - Флаери; - Билтени; - Поштенски писма; - Каталози;

Престанок на маркетиншките активности

Купувачот може да ја забрани употребата на податоците за наши маркетиншки потреби (во процесот на регистрирање на корисникот). За да престанете да примате маркетиншките известувања, ве молиме да преземете ена од следните опции: - Следете ги упaтствата за одјава во примените маркетиншки известувања што ви се испратени од наша страна. - Преку службата за корисници преку телефон број 023228418 - Преку испраќање на е-меил на адреса toper.book@gmail.com, со тема ОДЈАВА - Преку поштенска адреса : Tопер ДООЕЛ Ул. Дане Крапчев бр. 21 1000 Скопје При испраќање на е-меил или поштенско писмо, ве молиме да го напишете своето полно име и презиме, адресата, бројот на телефон, е-меил адресата и конкретно да наведете кој тип маркетиншко огласување (н.п.р. е-меил, директни поштенски писма) не сакате да го добивате. Ве молиме да имате предвид дека заради обработка на податоците, поштенските и системските рокови, оваа процедура може да потрае неколку работни дена. Додека промената не стапи во сила, можно е во тој период и понатаму да ги добивате нашите маркетиншка известувања. Исто така, важно е да се напомене, дека и кога ќе се одјавите од приемот на маркетиншки известувања, можно е и понатаму да ги добивате деловните известувања као што се: потврди за нарачка на стоката, информации за враќање на стоката, информации за статусот на членскиот клуб итн.

Измени

Tопер ДООЕЛ го задржува правото да може во секое време, без претходна најава, да ги ажурира или да ги измени податоците внесени на сите свои интернет страници. Tопер ДООЕЛ го задржува правото на измена на овие Услови и правила на користење, и се обврзува секоја измена и дополнување на овие Услови и правила да ја направи достапна на посетителите на страниците на “toper.com.mk” Интернет продажно места. Сите промени ќе се применуваат на користењето на сите интернет страници на “toper.com.mk” Интернет продажно место. Посетителите на “toper.com.mk” Интернет продажно места немаат право еднострано да ги менуваат овие Услови и правила на користење, а секоја евентуална измена ќе биде неважечка освен во случаите на заемна согласност во писмена форма.

Маркетиншки истражувања

Спроведуваме истражувања за дополнително да ги унапредиме нашите производи и услуги. Многу го цениме вашиот придонес за наведените истражувања што ќе го направите преку прашања, коментари, приговори и пофалби. Ве молиме да го контактирате Tопер ДООЕЛ. контакт центарот на телефон 02/3228418 секој работен ден од 8 до 15 часот или да испратите е-пошта на toper.book@gmail.com или да ни пишете на адреса: Tопер ДООЕЛ, Ул. Дане Крапчев бр. 21 , 1000, Скопје. Ве молиме да водите сметка за тоа дека испраќањето на приватни пораки по електронска пошта може да биде несигурно и подложно на неовластен пристап на трети лица или грешки во испраќањето. Пораките примени по електронска пошта нема да се сметаат за доверливи така што Tопер ДООЕЛ не одговара за сигурноста и приватноста на таквите пораки, задржувајќи го притоа правото истите да ги репродукува, да ги употреби, да располага и да ги дистрибуира на трети лица без ограничување. Понатаму, слободни сме да ги употребиме идеите, нацртите, стручните знаења или техниките содржани во таквите пораки за било која цел, вклучително за развој, производство или маркетинг на производите содржани во таквите пораки.

Правна регулатива

Со ова го прифаќате и се подложувате на материјалното право на Република Македонија како исклучиво меродавно за толкување, примена и правните ефекти на сите дозволи, исклучувања и услови на користење на “toper.com.mk” Интернет продажното места. Судовите на Република Македонија се исклучиво надлежни за сите барања и спорови што ќе настанат како резултат на употребата на предметните интернет страници или во врска со нив. Tопер ДООЕЛ не ветува дека материјалите содржани на предметните страници се примерени или се кориснички достапни на определени локации, односно не одговара за пристап кон истите од територии на државите каде што нивната содржина е забранета со закон. Ќе се смета дека пристапот до интернет страниците од наведените локации е своеволно преземен и е на одговорност на корисникот според меродавното право. Сите информации достапни на интернет страниците се исклучиво со информативен карактер, не смеат да се користат во комерцијални цели ниту да им се дистрибуираат на трети лица.

Исклучување на одговорноста

Информациите што ги објавува Tопер ДООЕЛ на овие интернет страници се сматаат за точни и сигурни во време на нивното внесување, меѓутоа Tопер ДООЕЛ не гарантира за точноста, вистинитоста или сигурноста на било кои податоци внесени на овие интернет страници. Tопер ДООЕЛ не дава гаранции, експлицитни или премолчани за продадената стока, вклучувајќи и гаранции во поглед на сопственоста, корисноста, односно подобноста за определена цел, или во однос на кршење на правата на трета страна ниту презема било каква одговорност за потполност, корисност или одржување и сервисирање на понудената стока (информации, системи, производи или процеси). Информациите достапни на интернет страниците не смеат да се сметаат за основа за донесување на значајни финансиски или деловни одлуки, така што сте согласни дека нема да не сметате за одговорни за неостварување на своите очекувања во врска со тоа. Во склад со важечките закони, Tопер ДООЕЛ нема да одговара за било каква директна или индиректна, случајна, нематеријална или материјална штета, изгубена добивка, загуба или трошоци настанати како резултат на употребата или на неможности за употреба на '' toper.com.mk '' Интернет продажно место како и за употребата или неможноста за употреба на стоката купена преку '' toper.com.mk '' Интернет продажно место. Во секој случај, вашето побарување за надомест на штетатата настаната во врска со користењето на '' toper.com.mk '' Интернет продажното место застарува 6 месеци откако штетата е настаната. Исто така, согласни сте дека ќе го обештетите Tопер ДООЕЛ неговите вработени и неговите добавувачи во случај на штета настаната заради вашето непочитување на овие Услови и правила на користење, кршење на зakоните или кршење на правото на трети лица.

Завршни одредби

Делумната или потполна неприменливост или незаконитост на определени одредби на овие Услови и правила на користење, нема да влијаат врз полноважноста на останатите одредби кои во целост остануваат во сила. Неприменливата или незаконска одредба ќе бидезаменета со друга соодветна одредба. Делот од овие Услови и правила на користење под наслов ''Исклучување од одговорност'' останува во сила и по престанокот на важењето на овие Услови и правила на користење. Согласни сте вашите права и обврски произлезени од овие Услови и правила на користење да не можете да ги пренесете на трети лица без експлицитно писмено одобрение на Tопер ДООЕЛ.