Услови за купување

Постапката и условитеза купување и продажба на “toper.com.mk” Интернет продажното место се дефинирани со нарачка, плаќање, праќање на роба, достава и враќање, односно рекламација на роба.“toper.com.mk” Интернет продажното место робата ја доставува преку КАРГО,  за територијата на Македонија. Подетално во делот за Услови и правила на “достава на роба”.“toper.com.mk” Интернет продажното место овозможува купување на целиот асортиман на роба која се наоѓа во каталогот на интернет понудата.

За купувач се смета секоја личност која ќе ги пополни бараните податоци, ќе се регистрира и по електронски пат ќе нарача / купи / барем еден производ. Правниот однос со купувачот се одвива исклучиво на македонски јазик.

Нарачката на купувачот не претставува завршена нарачка туку само покана да се направи понуда која Топер ДООЕЛ може да ја прифати или одбие со основана причина ( недостаток на роба на лагер и сл).

Цените се изразени во македонска национална валута – македонски денар. Во цените е вкалкулиран и ДДВ.

 

Нарачка на роба

Нарачка на роба на “toper.com.mk” Интернет продажното место може да се врши 24 часа на ден, седум дена во неделата.Робата се нарачува со електронско одбирање на одреден производ и негово внесување во потрошувачка кошничка. Робата се смета за нарачана во моментот кога купувачот ќе ја потврди нарачката и ќе ја изврши уплатата.Топер ДООЕЛ има обврска да ги испорача сите нарачани производи кои во моментот ги има на лагер под услов да се платени на начин одреден со овие Услови и Правила.Доколку Топер ДООЕЛ не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, ќе го контактира купувачот на робата по прашање на производот – замена или откажување на нарачаниот производ, по пат на електронска пошта или телефон. Сите останати производи ќе бидат испорачани во согласност со овие Услови и правила. Топер ДООЕЛ не одговара на купувачот за било каква штета или испуштена добивка, поради неможност да достави било кој од нарачаните производи, освен во врска со враќање на средствата по повод оправдана рекламација.
За секоја нарачка над 1000 денари ви следува бесплатна испорака а за сите нарачки под овој износ трошоците за испорака ги покривате сами. 

Нарачка на роба преку телефон

Доколку од било која причина не сте во можност да направите нарачка преку веб страната користејќи го копчето “Додади во кошничка” можете тоа да го направите преку телефонот на следниот начин:-Јавете се на телефонот 02 / 3228418 ( 08.00 – 15.00 во работни денови); -Неопходно е да имате email адреса!; -Издиктирајте ги имињата на бараните артикли на личноста на телефон ; -Продавачот ќе ги запише вашите податоци: име, адреса за испорака, број на телефон, емаил адреса и ќе направи нарачка за вас. Важно: Кога продавачот ќе направи нарачка истата ќе биде испратена на вашата емаил адреса. Во неа се наведени сите детали и информации поврзани со вашата нарачка. Од тој момент се врши припрема на вашата пратка која ќе ви биде испратена во наведениот рок (информации за времето потребно за припрема и испорака може да го добиете од нашиот оператер). Кога средствата ќе бидат уплатени на нашата сметка ќе ве известиме преку емаил дека уплатата е успешна. Кога ќе ја испратиме пратката повторно ќе ве известиме преку емаил дека истата е пратена. Со пратката ќе ви бидат доставени и сметка како и сите пропратни документи (доколку се неопходни).Сите купувачи имаат исти права при купување, ни еден нема поголемо право од некој друг купувач.

Начин на плаќање

Купувачот се обврзува да ја плати нарачаната роба на “toper.com.mk” со уплата на сметка или директно на доставувачот. Нарачката влегува во процес на пакување и достава после евидентирање на уплатата. Уплатата да не се врши пред да ве исконтактираат од страна на ТОПЕР. 

Сметка

ТоперДООЕЛ; -Комерцијална Банка; -300000000549444

Испорака на роба

Нарачаната роба ќе биде спакувана според правилата на доставните служби така да со нормално ракување при транспорт не може да се оштети. Купувачот е должен при преземањето на нарачената и доставената роба ги провери евентуалните видливи оштетувања и веднаш да ги пријави на Топер ДООЕЛ, или да одбие да ја прими испорачаната роба на која се видливи надворешни оштетувања. Купувачот е должен да ги пријави видливите оштетувања во рок од 8 дена, инаку го губи правото кое по таа основа му припаѓа. Топер ДООЕЛ не е одговорен за загуба или штета настаната при околности кои се надвор од контрола на компанијата која ја врши доставната услуга. Тука влегуваат пред се “природните сили”, пр. земјотрес, невреме, поплава, магла; “виши сили”, пр. војна, авионска несреќа, ембарго, секое оштетување врзани за природата на пратката, дури и ако биле познати на компанијата која ги врши доставните услуги, востание или граѓански немири, секој пропуст на лица кои не се вработени од страна на компанијата која ги дава доставните услуги, ниту пак има договор со таа компанија; пр. шпедитер, примател, трета страна, царински или друг државен службеник.
За секоја нарачка над 1000 денари ви следува бесплатна испорака а за сите нарачки под овој износ трошоците за испорака ги покривате сами.

Цена

Според цените по кои сте ги нарачале производите ќе ви биде изработена сметка. Доколку не сте задоволни со нарачаниот производ, можете во согласност со овие Услови и правила да го вратите. “toper.com.mk” Интернет продажното место ги обезбедува истите цени 3 дена од моментот на нарачување. Прикажаните цени се малопродажни, со вкалкулиран ДДВ.

Потврдување на нарачката

Известување за нарачката ќе ви биде испратено по електронска пошта по извршување на истата. Во него ги има сите детали за купените производи, количините и цените. По примањето на нарачката надлежно лице од Топер ДООЕЛ ќе ве контактира по пат на електронска пошта или телефон за да ви ги соопшти времето потребно за испорака како и за цената на доставата.